Немам поднесено оставка и Државната Рада функционира нормално, изјави денеска украинскиот премиер Олексеј Хончарук на прес-конференција, одговарајќи на прашањето за можна реконструкција на Владата.
Тој додаде дека за тоа не разговарал ниту со претседателот Володимир Зеленски, кој претходно истакна дека ќе се сретне со политичкиот ветеран Сергеј Тигипко, кого медиумите во Украина го прогласија за наследник на Хончарук.