– Германија е на почетокот на епидемијата на новиот коронавирус, бидејќи новите случаи на инфекција во државата не можат да се следат до првобитниот извор во Кина. Тоа го соопшти денеска на прес-конференција германскиот министер за здравство Јенс Шпанс.
Појавата на пет нови случаи на коронавирус во западниот и јужниот дел на Германија, со кои инфицираните во државата стануваат околу 20, значи дека болеста влегува во нова фаза, рече министерот.
-Синџирите (за пренесување) на инфекцијата веќе делумно не можеме да ги следиме и ова е нешто ново, рече Шпан.
Според него, голем број луѓе биле во контакт со пациенти и ова е „голема промена” во споредба со досегашните 16 пациенти, во кои „синџирот би можел да се проследи назад кон изворот во Кина”.
Министерот ги повика луѓето да не паничат, сепак, и истакна дека „не секоја кашлица е случај на коронавирус”. Според него, во болниците во Германија има доволно изолатори ако треба да бидат примени голем број на пациенти.