Барселона извлече поволен резултат во Неапол, но остана со преполовен тим

Шпанскиот фудбалски првак Барселона по првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите има добар резулатат во пресметката со Наполи (1:1). Каталонците се задоволни од резултатот, но она што ги мачи пред реваншот на 18 март на „Камп Ноу“ е преполовениот играчки кадар. Серхио Бускетс и Артуро Видал ќе отсуствуваат поради картони на овој меч, а нема да бидат на располагање и повредените Луис Суарез, Осман Дембеле, Жорди Алба и Серхио Роберто. Неизвесен е и Жерард Пике кој се повреди во Неапол.

Во микс зона на стадионот „Сан Паоло“ во Неапол, Бускетс го критикуваше раководство и уште еднаш го открија проблемот кој изминативе денови го имаат каталонците во соблекувалната.

-Немаме голем избор на играчки кадар, за жал. Но, така е планирано, рече искусниот Бускетс.

И хрватскиот интернационалец Иван Ракитиќ се согласи со шпанскиот репрезентативен фудбалер од својот клуб. На Барселона и недостасуваат играчи за да можата подеднаков добро да играат на повеќе фронтови во згусната распоред.

Барселона по мечот со Наполи во ЛШ, в недела ја очекува моѓеби решавачки меч за одбрана на титулата во Пример со лутиот ривал Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“.

Треба да знаете
Последни објави