Петмина малолетници се заразени со коронавирус во Италија. Четворица од нив се во Ломбардија, а еден случај е забележан во Венето. Во Ломбардија, две деца се хоспитализирани.
„Кориере дела сера“ информира дека во болница е девојче на возраст од четири години, а нема информации за вториот болнички случај. Од вирусот се заразени и двајца 10-годишници и малолетник на возраст од 15 години.
Во Италија има 11 мртви и 325 потврдени случаи на инфекција.
Во Бад Клеинкирхајм во Австрија починала италијанска туристка.
Откако Хрватска, Австрија и Швајцарија во вторникот ги објавија првите случаи на коронавирус најверојатно пренесени од Италија, и Алжир и Бразил ги пријавија првите можни случаи на пренесување на болеста од Италија.
Во Кина, во вторникот имало 406 нови потврдени случаи на инфекција со коронавирус, помалку од претходниот ден, кога бројот на заразени порасна на 508, додека во Јужна Кореја бројот значително се зголемил.
Вкупниот број на заразени лица се зголеми на 78.064, а регистрирани се 2.715 смртни случаи.