– Раководството на Лос Анџелес Лејкерс ќе се сретне со поранешниот бек на Мајами Хит и сегашниот слободен агент Дион Вејтерс, според Крис Хајнс од „Јаху спортс”.
За последен пат Вејтерс беше префрлен во тимот на Мемфис Гризлис, како дел од договорот што го испрати Андре Игудала во Мајами. „Гризлиите” не сакаа да го задржат во својот состав, што му овозможи да стане слободен агент.
Сезоната на Вејтерс не оди добро. Тој беше казнет три пати од раководството на Мајами оваа сезона – за непрофесионално однесување, употреба на желе бонбони, кои содржат марихуана, и непочитување и кршење на правилата.
Дваесет и осум-годишниот кошаркар одигра само три натпревари со „жешките” на крајот на јануари, една недела пред да биде префрлен во Мемфис.
Во својата кариера, Вејтерс има просек од 13,2 поени, 2,7 скока и 2,8 асистенции.