– Со одлука на министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас, се одложуваат и се отповикуваат редовните отсуства, слободни денови или одмори на вработените во болниците, здравствените установи, како и во самото министерство, јави дописничката на МИА од Атина.
Централната служба на Министерството за здравство, Централните здравствени служби на перифериите, државните болници, брзата помош, Националната организација за јавно здравје, Националниот центар за крводарителство, во Институтот за фармацевтски истражувања и технологија се меѓу институциите во кои персоналот, сѐ додека не се донесе нова одлука, нема да може да се слободни денови или одмор.
Одлуката на грчкиот министер доаѓа откако, денеска, во Солун беше регистриран првиот случај на коронавирусот.