Сетиен: Нерешениот исход со Наполи е позитивен резултат за Барселона

Новиот тренерт на шпанскиот фудбалски првак Барселона, Кике Сетен по нерешениот резултат (1:1) со Наполи во Неапол, во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите, рече дека резултатот може да се смета за позитивен, пред реваншот кој е закажан за 18 март.

– Нема да можеме да сметаме на Серхио Бускетс и Видал во возвратниот натпревар, но ќе најдеме решение да го надоместиме нивното отсуство. Во принцип, ова е позитивен резултат за нас. Го контролиравме најголемиот дел од натпреварот, но малку ни недостасуваше во третата зона во борбата против ваквата организирана одбрана. Наполи добро играше во дефанзива, но и ние добро ги запревме нивните контранапади.

 

Треба да знаете
Последни објави