На 25.02.2020 во 21.00 часот во СВР Тетово, жител на Тетово пријавил дека претходниот ден околу 22 часот едно лице на возраст од околу 40 години извршило обљуба врз малолетната ќерка на неговата сопруга. Во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 25.02.2020 во 10.00 часот во Одделението за внатрешни работи Гевгелија, 40-годишна жена од Гевгелија пријавила дека на 23.02.2020 околу 13.00 часот во Гевгелија А.В.(23) од Гевгелија со употреба на сила извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка.
А.В бил пронајден и лишен од слобода, а за настанот бил известен јавен обвинител и по негова наредба над оштетената и сторителот биле извршени прегледи во Институтот за судска медицина-Скопје, а бил извршен и претрес во домот на А.В..
По извршените прегледи, А.В. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.