Уште двајца сомнителни на коронавирус се тестираат на Инфективна клиника

Уште двајца сомнителни пациенти со симптоми на грип се тестираат на присуство на коронавирус, дознава „Плусинфо“ од извори од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Ова се 4. и 5. сомнителен случај на инфекција со новиот вирус, а претходните три, кои беа вчера проверени во лабораторијата на Институтот за јавно здравје, се негативни.

Повеќе детали за последните два сомнителни случаи се очекува денеска во 13.30 часот да соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, кој денеска попладне ќе биде домаќин и на регионалниот директор на СЗО за Европа, д-р Ханс Клуге, кој по посетата на Рим, доаѓа во Македонија да види како се спроведуваат мерките за заштита од коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави