Згодната Русинка Марија Шарапова на 32 годишна возраст одлучи да му каже збогум на тенисот ! Причината поради кои ја донела ваквата одлула се честите повреди кои почнаа да ја следат во последно време.
Трофејната тенисерка кај љубителите на „белиот спорт“ ќе биде запаметена покрај победите на турнирите, по гласното стенкање во текот на мечевите, како и по суспензијата поради позитивниот допинг тест.
Русинка во својата кариера освои 39 трофеи, од кои 36 се во поединечна конкуренција. Меѓу овие трофеи има пет одличја од најпрестижните гренд-слем турнири. Скандалот со позитивниот допинг тест и се случи во 2016 година, кога поради користење на забранетата супстанца „мелдониум“ заработи и двегодишна забрана за настап.
https://youtu.be/CwR05t154W0