Во Италија уште две лица починаа од последици на новиот коронавирус, со што бројот на жртви се искачи на 14, а 528 луѓе се заразени со Ковид-19.
Директорот на италијанската служба за цивилна заштита Анџело Борели изјави дека вчера биле регистрирани 420 инфицирани лица, додека нивната бројка денеска изнесува 528, од кои најголемиот број се во северниот дел на Италија.
Борели наведе дека добри вести доаѓаат од Ломбардија, најпогодениот италијански регион со новиот коронавирус, каде 37 инфицирани луѓе оздравеле.