Иран го забрани влезот во земјата за кинеските државјани во екот на ширењето на новиот коронавирус во Исламската Република, каде до сега умреа 26 лица, соопшти денеска иранската агенција Ирна.
Американските медиуми наведуваат дека поради епидемијата на коронавирусот се откажани сите утрешни молитви во Техеран.
Во Иран, земја која го бележи најголемиот број смртни случаи од последиците на новиот коронавирус надвор од Кина, регистрираше 245 заразени лица, пренесоа британските медиуми.