Со откривањето на тајната спогодба меѓу Хашим Тачи и НАТО, косовскиот премиер Албин Курти се обидува да го маргинализира Тачи и на тој начин да му ја преземе клучната позиција во дијалогот меѓу Белград и Приштина, сметаат експертите, пренесува „Спутник“.
Претседателот на Одборот за Косово и Метохија во српското собрание, Милован Дрецун, смета дека содржината на тајната спогодба не е новост и дека Курти ја користи за да го тргне Тачи од можното продолжение на преговорите со Белград зашто гледа дека ужива голема доверба од Вaшингтон.
„Курти имаше повеќе инцидентни ситуации со претставниците на САД додека беше во опозиција и иако навестува укинување на таксите, тој дава отпор и не ги почитува ставовите на САД. Затоа сега се обидува да создаде простор за почеток на процесот за сменување на Хашим Тачи за да успее доволно да го компромитира и да му ја затвори вратата, по што тој би го водел дијалогот со Белград“, оценува Дрецун.
Адвокатот Горан Петронијевиќ смета дека Курти е во предност пред Тачи зашто победи на изборите и успеа да формира коалициска влада, но дека со доаѓањето на власт се соочи со меѓународниот притисок кој е во судир со неговата идеоогија, па сега се наоѓа во шизофрена ситуација.