Новиот претседател Зоран Милановиќ на Хрватска, денеска патува во Словенија на својата прва официјална посета на странска земја, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Милановиќ ќе има средба со словенечкиот колега Борут Пахор, која ќе се одржи во местото Оточец во близина на Ново Место, кое практично се наоѓа на половина пат меѓу Загреб и Љубљана.
Според најавите двајцата претседатели ќе разговараат за унапредување на односите меѓу двете земји и за начините како да се реши граничниот спор.
Милановиќ и за време на претседателската кампања зборуваше дека ќе стори се што е во негова моќ да ги реши отворените прашања со соседна Словенија.