Саудиска Арабија воведе вонредна мерка поради коронавирусот и го забрани патувањето до најсветите места на исламот. Мерката предвидува забрана за странците да ги посетат светиот град Мека и до Ќаба.
Одлуката важи и за патувањата до џамијата на пророкот Мухамед во Медина. Властите, исто така, го забранија влегувањето во кралството за сите со туристички визи од нациите погодени од новиот вирус.Во Саудиска Арабија нема потврдени случаи на новиот коронавирус.