„Тортура“: Бошкоски не сака да се присеќа дали имал повреда, се нервирал

– Сакам да кажам дека кога се навраќам на таа тортура се нервирам и повторно се враќам во мрачно време, рече Бошкоски.

На тоа реагираше Мијалков.

– Ние само сакаме да го замолиме Советот, сведокот да одговара конкретно. Не навлегуваме во неговите емоции. Доколку има такви проблеми може да ги реши на друго место, овде не е местото. А, за траумите има и психијатри, рече Мијалков.

По меѓусебните препукувања, Бошкоски даде одговор дека не се сеќава  што било запишано во медицискиот картон. Во Судот беше прочитан неговиот исказ, кој Бошковски го даде на првото судење.

-Сигурно ќе победи правдата. Но инсистирам судењето навистина да има фер, праведна пред сè и над сè човечка димензија, рече Бошкоски.

 

Треба да знаете
Последни објави