Во денешно време, голем дел од славните личности толку многу користат перики и надградби на косата што ретко можеме да ги видиме во природно издание.
Џенифер Лопез непрекинато ја менува фризурата со вештачки прамени, но на најновите папараци фотографии таа е во природно светло.
50-годишната ѕвезда беше фотографирана додека излегуваше од фитнес сала во Мајами.
Истиот ден, таа сподели фотографии на кои е во студио за да си ги подобри вокалните способности.