Полицијата во Германија откри група малолетнички радикални десничари кои со месеци ширеле нацистичка пропаганда во Бург Старгард, во североисточна Германија.
Петмина осомничени се на возраст од 14 до 17 години и на нив им се припишуваат најмалку 189 политички мотивирани пропагандни престапи, соопшти полицијата. Голем број хард дискови се запленети при претресот на становите на малолетниците, а анализата на тие податоци може да трае со месеци, се вели во соопштението.
Според полицијата, родителите на малолетни лица се „запрепастени и шокирани” од однесувањето на нивните деца.