– Турски воени специјалци во сириската провинција Идлиб користеле ракети за да се обидат да ги соборат руските и сириските воени авиони, пишува весникот „Ерусалим пост”, откако беше соопштено дека сириските бунтовници, поддржани од турската армија, го зазеле градот Најраб во Идлиб.
„Небото над Идлиб исто така е опасно. Бунтовниците и турските специјалисти активно користат преносни системи за противвоздушна одбрана”, се наведува во извештајот.
Во текстот се додава дека руските и сириските авиони биле принудени да преземат соодветни дејства.
Други детали не се соопштуваат.