Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, се сретна во Вашингтон со претседателот на Косово, Хашим Тачи. Помпео очекува Косово да ги укине таксите за српските продукти и да се искористи добриот моментум креиран после потпишувањето на документите за обновување на авионскиот и железничкиот сообраќај, како и за завршување на изградбата на автопатот Белград-Приштина.
Потпаролот на Државниот Стејт Департмент, Морган Ортагус, преку соопштение порача дека секретарот Помпео на средбата во Вашингтон со претседателот на Косово, Хашим Тачи, ја потврдил соработката помеѓу САД и Косово и поддршката за невзависно и суверено Косово.
-Секретарот Помпео исто така, ја истакна поддршката на САД за Специјалниот суд, чија работа е од витално значење за да се донесе правда за жртвите и да се зацврсти правната држава во Косово- се вели во соопштението.