Словенечката Влада, преку Твитер, ја нападна Хрватска поради мерките усвоени по избивањето на епидемијата на Ковид-19.
„Мерките кои ги воведува Хрватска не се ефикасни и се економски штетни”, порача словенечката Влада, без да прецизира за кои мерки смета дека се проблематични.
Но, словенечкиот премиер Марјан Шарац на денешната владина седница упати критики за активностите на Хрватска на границата, каде се проверува дали некој е заразен од новиот коронавирус.
– Ги прашуваат возачите од каде доаѓаат и земаат брис. Како резултат на тоа се создава метеж на границата. Кај Обрежје кон Хрватска колоната е долга 12 километри, истакна Шарец, оценувајќи дека таквата мерка нанесува економска штета.
Инаку, хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска престојува во Словенија, каде се очекува да има разговори и на оваа тема.