– Албанската министерка за правда, Етилда Ѓонај, поднесената кривична пријава од страна на претседателот Илир Мета против неа и уште двајца високи функционери во министертвото, попладнево на прес конференција ја нарече правна заблуда.
Таа смета дека дури и самиот претседател не верува во својата верзија дека постои „структурирана група” во Министерството за правда која се обидува да организира државен удар.
-Го искажувам сето мое жалење за големата неволја што го мотивира во борбата против реформата во правосудството, но обвиненијата против мене не ја ублажуваат оваа неволја. Претседателот ја создаде оваа фиктивна кауза во функција на неговите битки што не се во согласност со неговите уставни интереси во најважниот момент низ кој поминува Албанија, во пресрет на преговорите, рече Ѓонај.
Таа дообјасни дека обвинувањата од страна на претседателот Мета се неосновани, посочувајќи дека од негова страна не се почитувани предвидните рокови со Уставот, со кои во период од 30 дена треба да потпише уредба за одредени именувања. Додаде дека нема основа ни обвинувањето за објавување документ во Службен весник во неработен ден, односно во сабота.
-Она што го прави правно може да се смета за бесмислено, а логично правна заблуда, оцени Ѓонај.
Претседателот Мета деновиве до Специјалното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција (СПАК) поднесе кривични пријави против министерката Ѓонај, генералниот секретар во Министерството за правда, Гентијан Дева, и директорка на Центарот за службени публикации, Елева Хаџи.
Објаснувајќи дека пријави поднесол против „структурираната ќелија и опасна банда”, додавајќи дека е одлучен да го растури обидот за државен удар.