1/16 ЛЕ: Олимпијакос по продолженија го победи Арсенал во Лондон, Јунајтед го растури Бриж

Во најинтересниот натпревар на вечерта фудбалерите на Олимпијакос славеа во Лондон против Арсенал по продолженијата со 1:2, откако во регуларниот дел заврши 0:1.

Стрелец на голот за продолженија беше Сисе во 53. минута кога со глава ја погоди мрежата на Арсенал по корнер.

Надежта на домаќините ја врати Обемајанг со прекрасен гол во 113 минута. Сепак во самиот финиш Ел Араби во 119 минута им донесе победа на гостите.

Манчестер Јунајтед победи на „Олд Трафорд” со високи 5: 0 против Бриж и со вкупен резултат 6: 1 се квалификуваше за осминафиналето на Лигата на Европа.

Головите за домашните ги реализираа Бруно Фернандеш (27-пен), Одион Игало (34), Скот Мек Томини (41) и Фред двапати (82 и 90).

Треба да се напомене дека гостите од 23 минута беа со играч помалку кога Симон Дели беше испратен со црвен картон.

Резултати од реванш дуелите од 1/16-финалето на ЛЕ

Базел – Апоел Никозија 1:0
Еспањол – Вулверхемптон 3:2
Порто – Баер Леверкузен 1:3
Гент – Рома 1:1
Истанбул Башакшекир – Спортинг Лисабон 4:1
ЛАСК – АЗ Алкмар 2:0
Малме – Волфсбург 0:3
Ајакс – Хетафе 2:1
Бенфика – Шахтар Доњецк 3:3
Селтик – ФК Копенхаген 1:3
Интер – Лудогорец 2:1
Манчестер Јунајтед – Бриж 5:0
Севиља – Клуж 0:0

Вторник:
Брага – Ренџерс 0:1

Дуелот помеѓу Салцбург и Ајнтрахт Франкфурт беше одложен.

Треба да знаете
Последни објави