Шуклева изјави дека има делови кои и без ветрот, во секој момент може да се урнат.
Таа нагласи и дека нивните екипи прават увид на штетите кои евентуално насатанле на покривот од зградата.
Според Шуклева, целиот простор е обезбеден, а полицијата направи записник, од безбедоносни причини е ограничен и просторот за движење.
Стручните лица вршат проценка за настаната штета.
Генералната директорка истакна дека барокната фасада е нова состојба за сегашното раководство во чие поставување нема никаква улога.
„Донесена е одлука за внатрешна ревизија што треба да утврди фактичка состојба во врска со превземените обврски на изведувачот и согласно склучениот договор од 2013 година“, додаде директорката.
Од нејзиното доаѓање на функцијата ја започнале процедурата на целосна ревизија, реконструкција и адаптација на управната зграда на А.Д. МЕПСО