Критериумите за членство на Република Македонија во НАТО се исполнети уште во 2008 година, откако Армијата на Република Македонија беше модернизирана и ги исполни сите стандарди потребни за членство во Алијансата.
Единственото нешто кое СДСМ го направи изминатите три години е тоа што го промени уставното име на државата. Eдинственото нешто кое СДСМ им го сервираше на граѓаните беа поразите и понижувањата.
Порази и понижувања за да можат слободно да крадат, да се бават со криминал и корупција. Милиони евра народни пари испумпаа преку криминални тендери и грантови, пари кои завршија во џебовите на високи државни и партиски функционери на СДСМ.
Наместо со граѓаните криминалната банда на чело со аболицираниот Заев се бавеше со рекет.
Крајот на поразите и понижувањата е близу. 12-ти април е денот кога граѓаните ќе го казнат Зоран Заев за сиот овој криминал и корупција изминатите три години, ќе го казнат за „Рекет 1“, „Рекет 2“, за ТЕ-ТО, случајот Рашковски, крвавите тендери. После 12-ти април сите кои што се огрешиле пред законите ќе одговараат.