ЕУ нема да ги затвори внатрешните граници поради новиот коронавирус

Владините експерти на земјите-членки на Европска Унија се согласија дека блокирањето на прекуграничното движење во ЕУ на луѓето со симптоми на новиот коронавирус би било контрапродуктивно и оти карантинот е пожелна опција.

Земјите-членки на Шенген зоната ги интензивираа планираните мерки за запирање на ширењето на новиот коронавирус откако минатата недела Ковид-19 се појави во северниот дел на Италија.

Европска комисија соопшти дека земјите-членки на шенген зоната не планираат да воведат гранични проверки, но предвидени се контроли на надворешните граници на ЕУ.

Според експертите карантинот за лицата со симптоми на новиот коронавирус е многу поефикасна мерка за сузбивање на епидемијата во Европа.

Одлуките за воведување на привремени гранични проверки ги носат националните власти и ЕК не може да стави вето на нив, но земјите-членки се должни да го известат Брисел за новите мерки. Државите би можеле да наметнат нови здравствени проверки ако сакаат, што би било преседан, бидејќи гранични контроли никогаш досега не се воведени поради епидемија.

Треба да знаете
Последни објави