Трофејниот француски стратег Зинедин Зидан кој го предводи тимот со најмногу европски „круни“ , шпанскиот Реал Мадрид, го загуби првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите пред своите гледачи од англискиот Манчестер сити (1:2). „Кралевите“ ги очекува неизвесен реванш на 17 март во Манчестер.
– Цели 75 минути игравме добро. Незадоволни сме од поразот, но борбата трае 180 минути. Сега треба да најдеме нешто позитивно. На крајот не се заврши добро, но ние одигравме добро ако не ги земете предвид последните минути. Сега, ако сакаме да одиме понатаму, мора да победиме таму (во Манчестер). Имаше грешки во одбраната, но ова е дел од фудбалот, тоа е сè. Се обидовме, дадовме сè на теренот. Немавме доволно концентрација уште 10 минути во многу тежок натпревар и плативме за тоа, рече Зидан.