– Лидерот на англискиот фудбалски премиерлигаш Ливерпул објави профит од 42 милиони фунти пред даноците и рекорден промет од 533 милиони фунти за сезоната 2018/2019.
Тимот од Мерсисајд, кој го освои трофејот во Лигата на шампионите и заврши на второто место во шампионатот, објави зголемување на прометот од 78 милиони фунти за финансиската година што завршува на 31 мај 2019 година.
Ливерпул потроши рекордни 223 милиони фунти во играчи за голманот Алисон и играчот од средниот ред Наби Кеита, Фабињо и Џердан Шакири, како и ги продолжи договорите на 11 играчи меѓу кои и Џордан Хендерсон, Роберто Фирмино, Мохамед Салах, Енди Робертсон и Трент Александар-Арнолд. Клубот исто така инвестира 50 милиони фунти во новата база за тренинг во Киркби, а привлече и девет нови спонзори.
Одборот, исто така, планира да ги прошири трибините на стадионот „Енфилд”. Ливерпул води со 22 бода во пласманот во Премиер лигата на 11 кола пред крајот на сезоната и потребни се уште 12 поени за да ја обезбедат својата прва титула по 30 години пауза.