На 26.02.2020 во 13.20 часот, при вршење на спровод на товарно моторно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М.(43) од Скопје, а кое претходно било запрено поради вршење на нелегален превоз на минерални суровини (речен песок) од с.Катланово, до Полициското одделение Петровец, возачот го запрел возилото и не сакал да продолжи.
Веднаш потоа со патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки пристигнале А.Л.(27) и С.Л.(55), двајцата од Скопје, кои ги спречувале и навредувале полициските службеници, а во еден момент А.Л. ги одземал и клучевите од товарното возило со цел да ги спречи полициските службеници истото да го однесат до Полициското одделение Петровец.
Тројцата биле лишени од слобода и предадени во полициска станица за понатамошна постапка.