– Поранешниот косовски премиер, Рамуш Харадинај вечерва оцени дека Албин Курти им се предал на Србите со одлуката да ги суспендира таксите на увозот на сировини од Србија и БиХ.
„Вечерва измамникот Албин и се предаде на Србија. Ова е почеток на враќањето на Србија и Русија на Косово”, напиша Харадинај на Фејсбук .
Харадинај, чија влада ја воведе таксата од 100 отсто кон крајот на 2018 година, му порача на Курти и дека денеска е одговорен за „повторно освојување на Косово од страна на Србија”.