На 26.02.2020 во 23.00 часот на магистралниот пат Штип-Радовиш, полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграции дале знак за запирање на патничко возило- комби „пежо“ со велешки регистарски ознаки, но возачот не застанал и продолжил со движење кон Штип.
Во близина на с.Лакавица запрел и при преглед во возилото биле пронајдени 40 лица – мигранти, а возачот З.Б.(39) од Велес бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Штип за понатамошна постапка. По целосно документирањ