Мод мотото „Без став – марш против коалицијата на омраза” утре во Љубљана ќе се одржи протестен марш против договорот за коалиција и извесното формирање нова Валада во Словенија на чело со Јанез Јанша.
Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, протестот ќе започне во 17 часот пред седиштето на СМЦ (Партија на модерниот центар), а ќе заврши пред канцелариите на партијата на пензионерите ДеСус. Целта според организаторите е да се предупредат пратениците на овие партии во Собранието да не гласаат за Владата на Јанша.
„Политиката на СДС се темели на омраза кон луѓето, природата и културата. Денес не е можно омразата да владее сама. Нема да молчиме. Ќе ги предупредиме пратениците на СМЦ и ДеСуС дека доколку гласаат против Владата, ќе спречат омразата да владее во Словенија следните две години” – пишуваат организаторите на социјалните мрежи.
Според најавите протестниот марш ќе трае два часа.