Како што ги лажете Македонците, така ги лажете и Албанците му посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Зоран Заев во вечерашната дебата на Канал 5 телевизија. Во лагите на Заев се гледа причината за малиот број на поддржувачи на СДСМ во Арачиново при промовирањето на долгоочекуваната канализација во оваа општина.
До каде е реновирањето на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, го запраша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, првиот човек на СДСМ, Зоран Заев на телевизискиот дуел на Канал 5.
-Не се секирајте гимназијата ќе биде изградена, тоа го рекоа и градоначалничката и министерот за кој сега велите дека не дал одобрение. Кој лаже господине Заев, вие или градоначалничката и министерот. Таа кажа дека средствата ќе има нема да се користи за кампања ќе се изгради гимназијата, посочи Мицкоски.
Мицкоски додаде дека Заев со лажни ветувања го нарушува соживотот во државата.