РК Вардар: Натпреварот со Монпелје ќе се игра пред публика

РК Вардар соопшти дека утрешниот натпревар со Монпелје во „Јане Сандански“ ќе се игра со публика, по препораката на Владата спортските натпревари да се одржуваат без публика како превенција од коронавирусот. Од таму велат дека одлуката е донесена пред сè поради краткиот период за било каква промена и препорачуваат да не се водат мали деца на натпреварот.

„Ги известуваме сите што купиле билети за натпреварот од ВЕЛУКС ЕХФ лигата на шампионите меѓу екипите на Вардар и на Монпелје, закажан за сабота (29 февруари 2020 година) во СЦ „Јане Сандански”, дека мечот ќе се игра со присуство на публика. Одлуката е донесена пред сè поради краткиот период за било каква промена, а со оглед на тоа што станува збор за меѓународна средба која е одамна закажана, а и екипата на Монпелје е веќе пристигната во Скопје“, соопштија од клубот.

Натпреварот е закажан за 17,30 часот во СЦ „Јане Сандански“, а пренос ќе има и на МТВ 1.

„Безбедноста на натпреварот ќе биде во координација со други надлежни институции“, велат од РК Вардар.

Треба да знаете
Последни објави