Заев: Имате прилика пред камерите да се оградите еднаш од Груевски

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во вечерашниот дуел со Христијан Мицкоски рече дека редно е еднаш да се оградат од Груевски.

– Постојано се повтара истата матрица, еднаш треба да се разграничи дека во демократија е различна парламентарна власт, различна е извршна власт, и различна е правосудската власт. Затоа цело време кажувам дека никако не може да се одлепите од господиниот Груевски, постојано ги повтарате истите работи слушам цело време. Тоа што верува јавноста е токму тоа, извршителите се на Груевски еден иструмент со кој што диригира Груевски. Мислам дека еднаш треба да се оградите од Груевски, имате прилика пред камерите директно обратете се и огаридете се. Кажете јас се оградувам од Груевски и да расчистиме со таа работа.

Треба да знаете
Последни објави