Најмалку 14 жртви во судар на автобус и воз во Пакистан

– Најмалку 14 лица загинаа, а осум се повредени кога воз удри во автобус на необезбеден железнички премин во јужен Пакистан, соопштија пакистанските власти.

Несреќата се случила во областа Рори, на околу 470 километри јужно од главниот град Карачи.

Засега не е познато кој е одговорен за несреќата, а повредените се пренесени во блиските болници.

Треба да знаете
Последни објави