Руските власти тврдат дека убиените 33 турски војници во Сирија не требало да бидат во нападната област

Според информациите од руската новинска агенција РИА, на 27 февруари екстремистите на терористичката група „Тахрир ал-Шам“ се обиделе да ја нападнат сириската армија во областа Бехун.

Сириските трупи одговориле со воздушен напад, а од гранатирањето погодени биле и турски трупи, кои, како што се пренесува, биле во формацијата на терористичките групи.

Покрај тоа, според турската страна, ниту една единица на турската армија не требало да се наоѓа во областа, пренесува РИА врз основа на информации од Министерството за одбрана.

Министерството, исто така, соопшти дека руските воени авиони не извршувале напади во областа каде што биле турските трупи и дека Русија сторила сè за да ја спречи сириската војска во вооружениот одговор со цел да дозволи трупите да бидат евакуирани.

Синоќа, гувернерот на турската погранична покраина Хатај, Рахми Доган, изјави дека 33 турски војници загинале, а 36 се повредени во воздушниот напад на сириската армија.
Потоа, Анкара го најави почетокот на копнени и воздушни напади на позициите на сириските трупи.

Омер Челик, портпарол на турската владејачка Партија за правдата и развој во Турција, го нарече инцидентот напад врз НАТО и најави консултации со Алијансата.

Треба да знаете
Последни објави