Македонија доби организација на СП за ракометарки до 20 години во 2024 година

Светската ракометна федерација (ИХФ) одлучи меѓу организаторите на мундијалите во различни младински категории кои треба да бидат организирани во наредните години да се најде и Македонија, која конкурираше да биде домаќин за четирии настани во машка и женска конкуренција. Ракометната федерација на Македонија  ја доби довербата да го организира Светското првенство за ракометарки до 20 години, во 2024 година.

Ракометарките од генерацијата родени во 2004 година и помлади ќе имаат шанса пред своите навивачи да остварат забележителен настап и тоа само две години откако Македонија ќе биде ко-домаќин на сениорско  женско Еврпско првенство, заедно со Словенија и со Црна Гора.

Сениорското Светски првенства во 2025 година во машка конкуренција ќе го органзираат три земји: Хрватска, Данска и Норвешка, а во 2027 година домаќин ќе биде Германија. Во женска конкуренција во 2025 година довербата да го организраат завршниот турнир ја добија Германија и Холандија, а во 2027 година Унгарија.

Треба да знаете
Последни објави