Ѕвездата на ТВ-серијата „Модерно семејство“ која неодамна заврши со продукција по 11 сезони сега е член на жирито на телевизиското шоу America’s Got Talent („Америка има талент“).
Во четвртокот, Ен-би-си соопшти дека Софија Вергара ќе биде дел од жирито на популарното американско шоу.
Вергара (47), ќе ѝ се придружи на Хајди Клум (46), која до неодамна беше судијка на AGT: Champions (АГТ: Шампиони).
Двете доаѓаат на местата на Габриела Јунион и Џулијан Хаф, отпуштени како судии (жири) по само една сезона.
Останати членови на жирито за 15-та сезона на натпреварот на таленти се Хауви Мендел и Сајмон Коуел, кој всушност е креатор на шоуто и извршен продуцент.
Тери Круз се враќа како домаќин.