Џенифер Гарнер и Бен Афлек чекаат синот да дојде од роденденска забава

Бен Афлек неодамна изјави дека разводот од неа е нешто за што ќе жали целиот свој живот.

Поранешниот филмски пар Бен Афлек и Џенифер Гарнер се чини дека беа во длабок разговор додека го чекаа нивниот осумгодишен син Семјуел Гранер Афлек да дојде од роденденска забава во Лос Анџелес во четвртокот попладне.

Поранешниште сопружници, двајцата на возраст 47 години, имаат и две ќерки Вајолет (14) и Серафина Роуз Елизабет (11).

Бен и Џенифер се венчаа во 2005 година, а се разделија 10 години подоцна. Разводот стапи на сила во 2018 год.

Бен од неодамна почна да го промовира својот нов филм The Way Back („Патот назад“) за кошаркарски тренер кој се лечи од алкохолизам.

Папараците го фотографираа и малиот Семјуел кој изгледаше среќен што ги гледа своите родители заедно.

И покрај разделбата, Афлек и Гарнер останаа блиски пријатели во заедничкото родителство на своите деца. Афлек во интервју за „Њујорк тајмс“ неодамна призна дека неговиот проблем со пиење траел долго и додаде дека жали за разводот.

Треба да знаете
Последни објави