На вчерашниот ТВ дуел кај Зоран Заев се виде еден истрошен и исплашен политичар кој треба да одговара за стореното и знае дека ќе одговара. Вчера видовме блед и дезориентиран политичар со истрошени тези и немање концепт и програма, човек кој е на крајот на својата политичка кариера и човек кој се служи со лаги, манипулирања и човек без чест и достоинство кој воопшто нема проблем да излаже само за да не се дознае вистината.
Вистината вчера за многу работи излезе на виделина и тоа директно од устата на Зоран Заев.
Тој и самиот не верува дека ќе победи на изборите, па затоа побара вчера и техничка влада за по изборите, нешто што е невозможно. Никој нема да го спаси и амнестира Зоран Заев од криминалот што го сторил изминатите години.
Заев е човек кој лаже и за среќа на граѓаните никогаш повеќе нема да имаат потреба да го видат и чујат после 12 април бидејќи доаѓа Обнова на Македонија.
Заев е човекот кој заедно со СДСМ ја уништи и ја разнебити целата држава и ги разнебити клучните сегменти како економија, правосудство, образование, здравство, инфраструктура. Почитувани СДСМ изминативе години ги разочара граѓаните.
Вчера Заев призна дека преку телефон го ослободил судството, истото судство за кое се обиде целата јавност да ја излаже дека таткото на неговиот најблизок соработник Маричиќ е во пензија, за подоцна да признае дека е виш јавен обвинител. Заев го замени Сваровски судството со Луј Витон судство.
Заев е човекот кој протестираше против своите Рената Дескоска, сопругата на Маричиќ, таткото на Бојан Маричиќ. Заев е човекот кој додека шири лажен морал се вози во тоа М. Заев е човекот кој наместо бројчаникот и да врати пари кај граѓаните, истите ти пари на граѓаните завршија во џебовите на неговите пајташи. Никогаш не им било полошо на граѓаните во Република Македонија.
Замислете, вчера Зоран Заев не се сеќаваше дали потпишал записник за пријавата за Рекет, а само неколку пати пред тоа има кажано дека пријавил за случајот по телефон, па усно, а и самата Вилма има кажано дека нема записник. Вчера повторно излажа. Лага до лага, затоа што треба да се испере улогата на Заеви во случајот Рекет.
Зоран Заев се обидува да зборува за економија и енергетика, а доаѓа од партија која мисли само и единствено на бонбона бизнис, криминал во ТЕ-ТО и негово потесно семејство кое крадело струја во минатото. Толку е од познавањата на Зоран Заев за енергетиката.
Сламката за спас овој пат на Зоран Заев е коалицијата со БЕСА, но за жал и таму во тој електорат е прочитана книга, бидејќи и албанците знаат дека само ги лаже и дека нема ни К од канализација во Арачиново и ниту еден вработен пилот од оние 300 кои ги вети. Затоа овојпат кога беше во Арачиново на посета кај граѓаните само 15 луѓе му дојдоа на средбата.
Почитувани,
СДСМ и Заев водат капитулантска политика.
На следните избори ќе победи ВМРО-ДПМНЕ бидејќи е единствената македонска политичка партија во Република Македонија која ќе настапи на изборите и затоа ги повикуваме и македонците и сите граѓани од останатите етнички заедници во Република Македонија, да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, да гласаат против Зоран Заев и СДСМ и конечно да му го покажеме местото на криминалот на Заев и СДСМ каде треба да се наоѓа. Да не дозволат да бидат изманипулирани уште еднаш од Зоран Заев и СДСМ.
За крај и вчера и денес да повториме уште еднаш, да му порачаме уште еднаш на Зоран Заев после 12 април нема да има “трас трас без Заев не се може судство” и уште еднаш му порачуваме на Зоран Заев и СДСМ дека ќе одговара и он и сите околу него за целиот криминал кој што го направиле изминативе години.
ВМРО-ДПМНЕ победува на 12 април и Христијан Мицкоски Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е иден Премиер на Република Македонија, тоа и вчера граѓаните го проценија на ТВ Дуелот, а верувајте после 12 април следува Обнова на Македонија.