Баерн без Левандовски го товари Хофенхајм со половина дузина голови

Баерн Минхен го совлада Хофенхајм со 6:0 како гостин на натпреваро од 24. коло во германската фудбачлска Бундеслига. Провокациите од навивачите на Баерн до шефот на Хофе, Дитмар Хоп во второто полувреме, сепак, ја расипаа атмосферата на натпреварот и тој беше двапати прекинат.

Момчињата на Ханси Флик направија летечки старт со водство од два гола до седмата минута, а набргу по одигрувањето на половина час, нивната предност веќе беше 4 гола. До средината на вториот дел, сè беше веќе решено, но потоа се појавија навредливите транспаренти од трибините, по кои средбата беше прекината.

Шампионите покажаа дека можат да се снајдат без нивниот прв стрелец, Роберт Левандовски, кој ќе се врати за еден месец.

Баерн Минхен собра 52 бода и сега води со четири пред вториот РБ Лајпциг, кој утре е домаќин на Баер Леверкузен. Хофенхајм е осми со 34 бода.

Резултати:

Мајнц 05 – Падерборн 07 2:0
Борусија Дортмунд – Фрајбург 1:0
Аугсбург – Борусија Менхенгладбах 2:3
Хофенхајм – Баерн Минхен 0:6

Фортуна – Дизелдорф – Херта Берлин 3:3

Во Моментов се игра последниот дуел од денешната програма помеѓу Келн и Шалке 04.

Треба да знаете
Последни објави