(Видео)На Адеми му беа доволни 24 секунди да ја затресе мрежата на Риека

Повеќекратниот хрватски фудбалски првак Динамо Загреб ја победи Риека со 4:0. Сепак, дербито на 24. коло во Првата хрватска лига ќе се памети по тоа што македонскиот репрезентативец и капитен на „модрите“ Аријан Адеми го постигна водечкиот гол за својата екипа по само 24 секунди игра.

Ова е најбрзиот гол виден на „Максимир“ во домашното првенство. Сепак Адеми е втор најбрз стрелец во историјата на Динамо, бидејќи на гостински натпревар натрализираниот некогашен хрватски репрезентативец Едуардо има постигнато погодок по само 18 секунди игра.

https://streamable.com/ge07d

 

Треба да знаете
Последни објави