На 29.02.2020 во 06,30 часот било пријавено дека во Куманово на ул.„Октомвриска револуција“, патничко моторно возило „сеат леон“ со кумановски регистарски ознаки излетало надвор од коловозот и удрило во бетонски столб. Во возилото биле Д.В.(21) и М.С.(21) двајцата од Куманово кои се здобиле со тешки телесни повреди, по што биле пренесени во Општата болница Куманово, каде што од страна на лекар кај М.С. констатирана била смрт, а Д.В. бил префрлен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.