Иран денеска информира дека во последните 24 часа во земјата се регистрирани уште девет нови смртни случаи од коронавирус и 205 нови случаи на заразени. Со ова бројот на жртвите до овој момент изнесува 43, а на заразени 593.
-Вкупниот број на случаи на заразени сега изнесува 593, а вкупниот број на досега регистрирани смртни случаи е 43, изјави портпаролот на Министерството за здравство Киануш Џаханпур на прес конференцијата пренсесувана директно на телевизија.
„Имаме 205 нови случаи на Ковид-19 само во последните 24 часа”, додаде тој, во кои се пресметани и 22-те случаи на новооткриеното жариште во североисточната провинција Голестан.