Нема македонски државјани заразени со коронавирус во регионот на северна Италија, соопшти Венко Филипче, министерот за здравство.
Тој посачи дека утринава разговарал со конзулот кој го информирал дека нема податоци за заболени наши државјани, ниту пак за наши државјани кои се во карантин.
Филипче претходно денеска истакна дека единствената пациентка којашто е позитивна на коронавирус во земјава е во добра општа здравствена состојба и се лекува на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.