Денеска во хотел „Хилтон“, Граѓанско Демократската Унија заедно со Движењето на слободни граѓани ја објави својата коалиција за претстојните парламентарни избори.
„Ние од Граѓанско Демократската Унија и Движењето на Слободни Граѓани, активисти и приврзаници, се здруживме да го предизвикаме овој корумпиран политички систем за да и ставиме крај на оваа „партиска диктатура“ која не ограничува, осиромашува, која не гуши и иселува од земјава , која секојдневно не обезвреднува и понижува. Се обединивме затоа што сакаме Македонија да биде правна држава.Затоа што властите секојдневно ги газат граѓанските права и слободи.Затоа што партиските бирократии глумат јавна администрација.Затоа што политичкиот систем во Македонија е корумпиран.Затоа што не сакаме Македонија да биде изолирана.Затоа што профитот на неколкумина е поважен од животот на многумина.Затоа што новинарите се слободни да го напишат она што им е наредено.Затоа што судските постапки траат подолго од животот на граѓаните.Затоа што образованието е во рацете на партиските јуришници.Затоа што јавниот здравствен систем е опасен по живот.Затоа што корумпираноста е доблест, а чесноста – срам“, соопштија партиите.