-Има една пациентка која се јавила утрово на Инфективна, таа е изолирана, таа е жена која патувала во критичниот регион во северна Италија, таа има семејство и знаци на респираторна инфекција. Во земјава влегла на 26 февруари, без никакви симптоми- рече министерот Венко Филипче на денешната прес конференција.
Тој додаде дека правата пациентка со коронавирусот во земјава е во добра општа состојба и нема температура.
-Утрово разговарав со конзулот во Италија, нема наши државјавни заразени во Италија. Конзулот вели дека е потребно сите да го контактираат него, за тој нам да ни ги најави сите кои доаѓаат од Италија. Меѓутоа доаѓаат многу луѓе, кое не се најававуваат- рече Филипче..