Актуелниот европски ракометен првак Вардар во осминафиналето од Лигата на шампионите ќе се соочи со ПИК Сегед, откако унгарскиот тим вечерва неуспеа да ја изненади Барселона и да се пробие на второто место во Група А. Во неизвесна завршница ПИК Сегед загуби од Барселона со 30:28.
Првиот натпревар ќе се игра во Скопје во периодот од 18 до 22 март, а реваншот е во Унгарија меѓу 25 и 29 март.