Американскиот претседател Доналд Трамп е подготвен на оддржување состанок со лидерите на останатите постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации – Русија, Кина, Франција и Велика Британија, на кој би се разговарало за контрола во вооружувањето, изјави високо позициониран претставник на американската администрација.
Тој објасни дека Трамп во разговорите од таканаречениот „П5″ формат сака се обиде да постигне напредок во постигнувањето трилатерелен договор за контрола во вооружувањето со Русија и Кина, но не прецизираше кога средбата би можела да се оддржи, пренесоа британските меидуми.
„САД ќе ја искористат оваа прилика Русија и Кина да ги воведат во рамките на меѓународната контрола во вооружувањето и да ја запрат скапата трка во вооружувањето”, изјави претставникот кој сакаше да остане анонимен.
Тој не сакаше да шпекулира за местото на оддржување на собирот, но британските медиуми како логична опција го наведуваат Генералното собрание на ОН, на кое секој септември се собираат светските лидери.
Идејата за оддржување на самитот ја изнесе рускиот претседател Владимир Путин. Трамп сака да ја убеди Кина да им се придружи на САД и Русија во разговорите за договор за контрола на вооружувањето, што ќе го замени договорот „Нов СТАРТ”, што завршува во февруари следната година.
Кина го одби повикот на Трамп, наведувајќи дека нејзината нуклеарна програма е мала и од одбранбен карактер и дека не претставува закана за никого.